„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Столе и Рајо се „понеделнички махери“

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано стигнаа до нов триумф во шпанската Ла лига откако синоќа во последниот меч од 7. коло во трилер завршница славеа над Елче по пресврт со 2-1.

Херој за тимот од главниот град на Шпанија беше Лопез во 95. минута. Рајо во последните три натпревари кои ги играл во понеделник нема пораз и има скор од една победа и две реми исходи. Очигледно на Столе и компанија и тоа како им одговара вечерниот понеделнички термин во Ла лига.

 

 

Се вчитува...