Пет фудбалери заминуваат од „Стемфорд Бриџ“ оваа зима

Пристигнувањето на Грем Потер на клупата на Челси ќе донесе нови промени во тимот во зимскиот преоден рок. Англискиот стратег веќе има неколку имиња на „списокот на отпишани“, a речиси сите се очекувани.

Еден од нив е Н’голо Канте кој во минатото важеше за играчот кој носи стабилнсот во тимот, но се соочи со проблем со повреди кои во последните две сезони го оддалечија од теренот. Потер не може да смета на него за стандарден првотимец, а со оглед на тоа што договорот му истекува летото 2023 година тој ќе замине од „Стемфорд Бриџ“ оваа зима.

Покрај него на списокот се наоѓа и соиграчот од средниот ред Жоржињо. Исто како и на Французинот, договорот на Италијанецот завршува на крајот на јуни, а покрај тоа што Потер не смета на него, и самиот бара нова средина. Како следна дестинација се јавува Барселона која веќе го контактирала неговиот агент.

Кепа Аризабалага, Хаким Зијеш и Кристијан Пулишиќ летово веќе се најдоа пред излезните врати на „Стемфорд Бриџ“, а само чудо може да ги спречи да не излезат од нив оваа зима. Голманот се поврзуваше со трансфер во Наполи, Мароканецот со премин во Милан, а Американецот со враќање во Германија па останува да видиме дали овој пат ќе биде реализиран преминот на овие дестинации или пак ќе се јават нови средини.

Се вчитува...