КУП 1/8 ФИНАЛЕ: Струга против Работнички, Пелистер на мегдан со Брегалница

Денеска се играат натпреварите од 1/8 финалето на Купот на Македонија. Најинтересно се очекува да биде во Струга каде домашната Трим и Лум ќе го пречека Работнички.

Во останатите два прволигашки дуели Тиквеш ќе го пречека минатогодишниот финалист Силекс, додека Шкендија на домашен терен ќе игра со Скопје. Актуелниот македонски шампион Шкупи ќе го пречека второлигашот Воска.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе игра против третолигашот Фортуна, додека Академија Пандев за противник ќе го има Љуботен. Битолски Пелистер во Штип ќе и гостува на Брегалница, додека поради настапот на младинците на Победа во Лигата на шампионите, овој тим својот меч со актуелниот шампион Македонија ЃП ќе го одигра на 19. октомври.

Сите мечеви се со почеток во 14 часот.

КУП 1/8 ФИНАЛЕ (14.00): 

Струга ТЛ – Работнички

Тиквеш – Силекс

Брегалница – Пелистер

Шкупи – Воска

Ак. Пандев – Љуботен

Вардар – Фортуна

19. октомври: 

Победа – Македонија ЃП

 

Се вчитува...