Јадранка Темелкова обезбеди бронза, утре во битка за сребро на Светското јуниорско првенство во кикбокс (ФОТО)

Младата македонска кикбоксерка Јадранка Темелкова обезбеди најмалку бронзен медал на Светското ВАКО јуниорско првенство кое се одржува во Лидо ди Једоло, Италија.

Темелкова со убедливата победа над Никол Буљан од Хрватска, доминирајќи во сите три рунди, си обезбеди бронзен медал на шампионатот, а утре ќе се бори против Канита Муминовиќ од БиХ во битката за сребрен медал.

„Јадранка е навистина голема надеж на македонскиот кикбокс во женска конкуренција. Ветува многу и пред неа е навистина блескава кариера. Секогаш во рингот се бори смирено, мудро во секоја своја акција, вистински пример како се следат упатства од тренер за време на борба. Токму поради тоа и резултатите се неизбежни“ – ни изјави од Италија претседателот на Кикбокс Маи-таи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.

Се вчитува...