Победа несреќно елиминирана од Колерејн

Младинскиот шампион на Македонија, Победа го заврши својот настап во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако во реваншот несреќно одигра само реми 2-2 на домашен терен против Колерејн од Северна Ирска.

Поразот во првиот натпревар пред седум дена на гостувањето во Северна Ирска од 3-2 беше доволен за македонскиот шампион да го заврши својот настап уште на самиот старт од квалификациите.

Победа одлично го отвори натпреварот и уште во 6. минута со голот на Тошевски поведе со 1-0.  На 1-1 израмни Кели во 82. минута, додека гостите до целосен пресврт стигнаа со голот на Мофат во 87. минута. Домаќините до крајот преку Тодороски од пенал израмнија на 2-2.

Се вчитува...