Манчестер Сити продолжи со перфектните настапи во групната фаза од Лигата на Шампионите. Во третото коло „граѓаните“ славеа против Копенхаген со убедливи 5-0, а повторно стрелаше Ерлинг Халанд. Норвежанецот го одигра само првото полувреме, а тоа беше доволно за два пати да се запише во листата на стрелци.
На социјалните мрежи хит стана реакцијата на Пеп Гвардиола, а по натпреварот со суперлативи за младиот голгетер говореше и неговиот соиграч, Џек Грилиш кој откри и интересен разговор со противничкиот голман.
„Неверојатно. Никогаш во животот не сум видел играч како Халанд. Само стоев и се смеев. Па тој е секогаш на правото место. Задоволство е што играм заедно со него“, изјави Грилиш кој откри и интересен разговор со голманот на Копенхаген.
„Ми кажа дека Халанд не е човек па и јас си помислев дека е така. Тој е многу скромен, фантастична личност. Се надевам дека далеку ќе не однесе“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА