Тага во соблекувалната на Тотенхем: Почина еден од помошниците на Конте

Џан Пјеро Вентроне, кондицискиот тренер на Тотенхем почина на 62 годишна возраст од леукемија. Вентроне беше еден од помошниците на Конте, и доби прекар „Маринец“ поради силните тренинзите кои ги дава на фудбалерите. Во Тотенхем стигна минатата година.

Вентроне стана познат на јавноста во Британија за време на подготовките на Тотенхем во Јужна Кореја, кога дел од фудбалерите паѓаа од силните тренинзи. Напорнот темпо остави траги и кај Хари Кејн кој повраќаше после тренингот.

Но и покрај тоа, бил ценет од играчите на Тотенхем кои брзо го фатија неговиот ритам на тренинзи, а тимот важи за еден од најподготвените физички во Премиерлигата.

Се вчитува...