По победата (3-1) над Макаби Хаифа во третото коло од Лигата на шампионите, тренерот на фудбалскиот гигант Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека Душан Влаховиќ требало да постигне уште неколку голови, а не само еден.
Јувентус по долго време славеше на два натпревари по ред, против Болоња во Серија А и против Макаби во ЛШ. На двата натпревари српскиот напаѓач постигна по еден гол, но тоа очигледно не е доволно за неговиот тренер.
„Влаховиќ се снајде добро, технички го одигра најдобриот натпревар, но мораше да постигне повеќе голови. Не може да даде само еден од четири чисти шанси за гол“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

