Станковиќ седна на клупата на Сампдорија

Дејан Станковиќ немаше проблем да си најде нов ангажман еден месец по заминувањето од кормилото на Црвена Звезда, откако поранешниот српски репрезентативец се договори за преземање на клупата на Сампдорија.

Калчолигашот од Џенова го отпушти тренерот Џампаоло, по што како опции се споменуваа Раниери и Даниеле де Роси. Сепак, преговорите меѓу раководството на Самп и Станковиќ беа успешни, по што управата на клубот го избра токму Србинот како тренер од кого ќе се очекува да ја спаси Сампдорија во борбата за опстанок.

Сампдорија денеска и официјално објави дека е постигнат договор со Станковиќ, кој попладнево ќе го одржи и првиот тренинг со екипата. Договорот е со важност до крајот на сезонава, со клаузула за автоматско продолжување за уште една година доколку Сампдорија опстане во Серија А.

Се вчитува...