Голманот на Наполи, Алекс Мерет го продолжи договорот со клубот до 2024 година, соопшти италијанскиот клуб. Нему договорот му истекуваше на крајот на оваа сезона, а според новиот договор би можел да се продолжи до 2025 година.
Мерет во својата кариера играше за Удинезе и Спал, а запиша и два настапи за италијанската репрезентација.
Тој е еден од заслужните за одличниот влез на Наполи во новата сезона. Тимот е водечки во Серија „А“ со 20 бодови, со ист број на бодови со Аталанта. Исто така тимот „гази“ и во ЛШ и од три меча има девет бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА