Официјално: Сампаоли ја превзема Севилја

Неколку часа откако раководството на Севилја му врачи отказ на Хулен Лопетеги за слабиот старт на сезоната, клубот ја официјализраше неговата замена, Жорге Сампаоли кој се враќа на местото каде забележа голем успех во сезоната 2016/17.

Аргентинецот замина од Севилја со цел да ја предводи аргентинската репрезентација, но во неа се задржа само до 2018 година. По „гаучостие“ се врати на клупскиот фудбал, но остана во Јужна Америка предводејќи ги Сантос и Атлетико Минеиро до 2021 година. Претходната сезона беше дел од Марсеј.

Се вчитува...