Пред почетокот на Евролигата во која Ергин Атаман ќе се обиде да го направи невозможното и со Ефес да ја продолжи доминацијата која трае веќе три сезони имаше интересна изјава за импресиите од летото поминато со репрезентацијата во која го спомена и Јанис Адетокумпо.
Имено, како што вели турскиот стратег за време на Акрополис Купот во Грција, НБА кошаркарот изразил желба да заигра во тим предводен од него.
„Кога бевме во Атина на подготвителниот турнир Јанис ми приде и ми рече дека мојот тим игра одлична кошарка. Дека е благодарен на мене и мојот тим и дека сон му е еден ден да заигра во мој тим. Му кажав дека вратата за него секогаш е отворена“, открива Атаман.
Желбата на Адетокумпо можеше да се оствари ова лето со оглед на интересот кој го покажа Милвоки Бакс за ангажман на искусниот турски стратег, но проблемот се јави во тоа што Американците го сметале за помошен тренер, а неговата амбиција е да го предводи истиот од „жешкото столче“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА