Седумкратниот освојувач на најбрзиот шампионат на светот, Луис Хамилтон го искажа својот став за истрагата на ФИА за наводно прекршување на финансиското ограничување од страна на Ред Бул претходната сезона.
Британскиот возач вели дека доколку нема казна на Ред Бул ќе се сруши интегитетот на Формула 1. Правилата се тука да се почитуваат и не може некој да прави што сака.
„Важно е за транспаретноста да се знае. Мора да се знае како би го сочувале инегритетот на спортот. И нормално да се казнат тие кои не ги почитуваат правилата бидејки тие се тука со цел“, вели Хамилтон кој самиот одбива да го следи правилото на Ф1 за користење на накит при трките.
„Секој обид да го засилите болидот чини. Ние последен пат работевме на тоа во Силверстоун, а некои тимови продолжија константно да го прават тоа. И како потоа да победите? Тоа не е по правилата“.
Луис Хамилтон беше на прагот да го надмине рекордот на Михаел Шумахер по бројот на освоени шампионски титули, но титулата ја загуби во последниот круг од последната трка во сезоната.
ФИА одлуката од истрагата ќе ја соопшти во понеделник, 10. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА