Отварањето на новата сезона во Евролигата ни донесе фантастични и неизвесни натпревари на терените ширум „стариот континент“. Така беше и во Атина каде Реал Мадрид го доби гостувањето против Панатинакос со 68-71 во самиот финиш, а најзаслужни за победата беа Џанан Муса и Серхио Љуљ.
Босанскиот репрезнетативец во клучни моменти поентираше и минималната негатива ја претвори во предност за својот тим, а Љуљ ги постигна последните поени за својот тим и го реши мечот зад линијата 6,75. Панатинаикос има за што да жали бидејќи имаше неколку напади при негатива од 65-66, но избрзаните обиди на Ли и Григонис скапо го чинеа тимот.
Вилијмс беше лидер на домаќините со 15 поени и 4 скока, додека Муса со 13 поени и 3 скока беше втор најдобар поентер во Реал Мадрид зад Таварес кој постигна еден поен повеќе.
Претендентот за титула Милано славеше во Франција против Асвел со 62-69 откако во самиот финиш го скрши отпорот на домашниот состав. Најзаслужени за победата беа Берон и Пангос кои со две тројки во последната минута донесоа победнички старт на сезоната.
Берон со 18 поени, 5 асистенции и 4 скока беше лидер на Милано, додека Де Коло со 18 поени, 5 скока и 4 асистенции го предводеше Асвел.
Победничко отварање на сезоната имаа и Макаби кој славеше со 84-83 против Жалгирис, Фенербахче кој го доби Баерн Минхен со 62-74 во Германија и Басконија која славеше во шпанскиот натпревар против Валенсија со 71-81.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА