Фудбалерите на Црвена Звезда имаа свое шоу во победата од 4-1 на домашен терен над Ференцварош, а во елемент беа и нивните верни навивачи, популарните „Делије“ кои се истакнаа со извонредна кореографија на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“.
„Физички е невозможно, а знаеш дека го сакаме тоа“, пишуваше на оградата, додека на трибината беше истакнат резултат 1000:0, стоперица за мерење време и судија што покажува офсајд“.
Кореографијата е графички приказ за една од најновите навивачки песни на „Делије“: Физички е невозможно, но знаеш дека го сакааме тоа, илјада пати за минута, Звездо, да постигнеш гол. Да водиме 1000:0, да не не стигнап никогаш. Кога ќе биде 1001, нека го поништат поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА