Нголо Канте не е задоволен од правецот во кој се одвиваат работите во Челси и веќе донел одлука да го напушти лондонскиот клуб. Французинот веќе е влезен во последната година од договорот и во изминатите десетина дена јасно им ставил до знаење на клупските челници дека нема намера да ја продолжи соработката со „сините“.
Како што јавуваат француските медиуми, Канте бил разочаран од активностите на новиот газда на Челси во текот на летото, што на крајот резултираа со отказ за тренерот Томас Тухел. Французинот останува скромен и тивок како и секогаш и не сака јавно да ги коментира случувањата во клубот, но тој е решен што поскоро да си замине. Челси нема преголем избор, може да го продаде Канте во јануари и да заработи најмалку 10 милиони фунти, или пак да го чува во тимот до крајот на сезонава, по што тој без никаква отштета би си заминал од „Стемфорд бриџ“.
ПСЖ веќе две години се обидува да го донесе Канте во своите редови, но Французинот воопшто не е заинтересиран за камбек во татковината. Тој би сакал да остане во Премиер-лигата, и тоа во Лондон, а главен фаворит во трката за негов ангажман е Тотенхем, со оглед на беспрекорната соработка што Французинот ја имаше со Конте додека италијанскиот стратег седеше на клупата на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

