Ди Марија и Влаховиќ преживеале вистинска драма во домот на Аргентинецот

Фудбалерите на Јувентус Анхел ди Марија и Душан Влаховиќ преживеале вистинска драма во домот на Аргентинецот во Торино.

Во куќата на Ди Марија влегле маскирани лица кои се обиделе да ги ограбат двајцата фудбалери. Некои од медиумите од Италија пренесуваат дека во текот на грабежот користено е и огнено оружје.

Сепак, за среќа полицијата стигнала брзо по огласувањето на алармот, па на крајот се се завршило добро за двајцата фудбалери.

Еден од напаѓачите бил уапсен при обидот за бекство, додека по останатите членови на бандата се уште се трага.

Инцидентот се случил ден по победата на Јувентус над Макаби во Лигата на шампионите.

Се вчитува...