Најголемиот кошмар на Манчини се уште се вика Македонија: „На секој Италијанец ќе му биде тешко да го гледа СП, но мене најтешко“

Најголемиот фудбалски настан кој го исчекуваат милијарди фудбалски фанатици конечно ќе го гледаме следниот месец (20 ноември до 18 декември). На овој турнир по вторпат ќе изостанува една од најтрофејните селекции, тимот на Италија, кој доживеа елиминација од Македонија во Палермо.

Претхотно „аѕурите“ не играа ниту на СП во Русија во 2018 година, што беше прво нивно неучество на Мундијалите по повеќе од пет децении, а сега им се случи нов кошмар по голот на Александар Трајковски во последните минути од мечот за сензационална елиминација, за која на Апенините и денеска имаат кошмар.

Селекторот Роберто Манчини во пресрет на Мундијалот посочи дека нема Италијанец на кого нема да му биде тешко да го гледа едномесечниот турнир, а на него повторно нема да играат „аѕурите“.

„Следниот месец нема да биде лесен за ниту еден Италијанец. Многу е тешко да гледата Светско првенство кога на него не игра Италија, а посебно тешко за мене, стручниот штаб по елиминацијата во Плаермо … Можеби малку полесно за фудбалерите, кои продолжија да играат и делумно го надминаа големото разочарување. Мене, а мислам и на секој Италијанец ќе му олесни кога СП ќе заврши. Лично за мене, можеби ќе ми биде најтешко да го гледам Мундијалот на ТВ“, рече Манчини.

Се вчитува...