Фудбалерот на Милан, Тео Хернандез почна да тренира со тимот, откако претходните недели беше надвор од теренот поради повреда, објавија италијанските медиуми. Францускиот лев бек беше повикан во националниот тим за натпреварите од Лигата на нации на крајот на септември, но мораше да се повлече откако му беше констатирана повреда.
хернандез ја пропушти победата на Милан над Емполи во Серија А (3-1), како и поразот од Челси (0-3) во Лигата на шампионите.
Според италијанскиот „Скај“, 25-годишниот фудбалер треба да биде во составот за претстојното дерби во Серија А, во кое Милан го пречекува Јувентус. Оваа сезона Хернандез запиша две асистенции, со еден постигнат гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА