Нов инсект откриен во Србија доби име по Новак Ѓоковиќ

Во Србија откриен е нов вид инсекти, а научниците кои учествуваа во ова достигнување го почестија својот омилен спортист Новак Ѓоковиќ со тоа што на инсектот му го дадоа латинското име „Дувалиус ѓоковиќ“, соопштија од Биолошкиот факултет во Белград.

Во име на авторот на овој труд изјавата ја потпиша д-р Никола Весовиќ.

„Новак Ѓоковиќ – повеќе од 15 години овој човек ја развеселува целата нација, не прави горди и за тоа време на сите им стана како член на семејството. Тој не е само врвен амбасадор на Србија во светот, туку и најдобар тенисер на сите времиња и еден од најдоминантните спортисти досега. Имам чест и задоволство да го објавам откривањето на нов вид инсекти од западна Србија, кој претходно и беше непознат на науката. Во знак на благодарност и чувство на потреба да му се оддолжиме на Новак на наш начин, решивме новиот вид да го именуваме по него – Дувалиус Ѓоковиќ. Благодарам Новак“, стои во соопштението. 

 

Се вчитува...