Сѐ е во парите: Го критикуваше Катар, а сега ќе биде аналитичар за националниот канал за време на СП

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил, ја прифати понудата на катарскиот канал за време на Светското првенство 2022 година. Екс играчот на Манчестер Јунајтед ќе биде експерт за време на Мундијалот на Беинспортс, ТВ канал сопственост на владата на Катар. Хонорарот не се објавува, но се проценува дека сумата е со шест бројки.

Претходно ТВ аналитичарот ги осуди условите за живот и за работа на печалбарите вработени за изградба на објектите за Светското првенство во 2022 година.

Невил кажал дека договорот со каналот нема да влијае на неговите ставови.

„Да, одам на СП и ќе работам за Беин. Ќе ги покривам овие прашања на ист начин како со години“, рече Невил кој поради овој потег доби многу критики во Британија.

Се вчитува...