Гневни навивачи на Болоња им се заканиле на играчите откако успеале да им влезат во соблекувалната по тренингот во четвртокот. Од доаѓањето на новиот тренер Тијаго Мота, Болоња доживеа два порази, по што атмосферата во клубот од „Ренато дел Ара“ стигна до „точка на вриење“.
Впрочем, Болоња забележа само една победа сезонава, во меч во кој тимот го предводеше Лука Вињани, кој беше привременото решение за Синиша Михајловиќ и Тијаго Мота.
Според „Кориере дело спорт“, 15 претставници на ултрасите на Болоња влегле во соблекувалната во четвртокот. Наводно, тензичната „средба“ траела околу половина час, а ултрасите им се заканувале на играчите дека „ова е последен пат мирно да ги посетат“.
Исто така испратиле порака дека од викендот чекуваат поинаков пристап на следните два натпревари во кои Болоња ќе игра против Сампдорија и Наполи. Се наведува и дека Мота се обидел да ги одбрани играчите, но и дека неколку присутни морале да реагираат за да спречат физичка пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА