На денешен ден пред четири години се одржа една од најочекуваните ММА борби во историјата. Пресметка во октагонот во која Хабиб Нурмагомедов го совлада Конор Мек Грегор со „гушење“ во четвртата рунда и со тоа го одбрани шампионскиот појас во лесна категорија.
Борбата имаше жестока увертира, особено што Мек Грегор со денови брутално го навредуваше Хабиб, а повеќе од 20.000 луѓе беа присутни во арената во Лас Вегас.
Хабиб го заврши мечот „гушејќи“ го Конор, а по мечот следеше хаотична тепачка со тимот на Мек Грегор, поради што Нурмагомедов беше суспендиран.
Ова беше најуспешниот настан во историјата на УФЦ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

