Легендарниот британски мотоциклист Фил Рид почина на 83-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Рид беше првиот мотоциклист што го освои Светскиот шампионат во категориите до 125, 250 и 500 кубици, а вкупно во кариерата освои седум светски титули.
Како голем ривал на сонародникот Мајк Бајк Хејлвуд и италијанскиот великан Џакомо Агостини, во кариерата запиша 52 победи.
Рид се тркаше од 1961 до 1976 година, а во 2013 година беше прогласен за „мото ГП легенда“ поради неговите достигнувања во мотоциклизмот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА