Рома го претрпе и вториот пораз на третиот меч во Лигата на Европа, а дополнителен проблем за Жозе Мурињо претставуваат повредите на двајцата десни бекови што португалскиот стратег ги има во тимот.
Карсдорп се повреди пред извесно време и ќе биде уште најмалку еден месец надвор од терените, а на синоќешниот дуел со Бетис повреда заработи и Зеки Челик. Турскиот репрезентативец мораше да биде заменет во првото полувреме, а деталните лекарски прегледи покажаа повреда на медијалните лигаменти на коленото на десната нога.
Првите прогнози се дека паузата ќе изнесува најмалку шест седмици, што значи дека Челик ќе може да му се стави на располагање на Мурињо дури по паузата за време на СП 2022. Во ситуација кога нема здрав десен бек во тимот, Португалецот е принуден да го жртвува на оваа позиција Жалевски, кому природна позиција му е лев бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА