Македонските фудбалски и новинарски легенди, ќе се обединат со своите колеги од поранешните југословенски простори во сабота на турнирот, со кој Спортско радио 90,3 ќе го одбележи својот јубилеј, три децениска медиумска работа.
Видеолотарија Касинос Австрија го поддржа триесеттиот турнир на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио. Турнирот годинава ќе има меѓународен, но и хуманитарен карактер, а ќе се реализира во сабота од 10 часот на терените на „Куќата на фудбалот“ на комплексот на ФФМ.
Горан Пандев, Кочо Димитровски, Саша Чириќ, Вујадин Станојковиќ, Наумче Мојсовски, Пеце Наумовски, Драги Сетинов, Јовче Џипунов…., се само дел од тимот кој ќе ја претставува македонската репрезентација. Ќе добијат засилување од естрадата во имињата на Калиопи, Никола Ристановски и други.
Во меѓународната програма, покрај селекциите на Македонија, ќе се појават и селекциите на БиХ, Србија, Хрватска, а меѓу спортски легендите кои ќе играат за овие репрезентации најавени се Саво Милошевиќ, Драгиша Биниќ и Марко Млинариќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

