Најголемо промашување во историјата: Гризман ја чини Барса цели 200 милиони евра

Барселона во последните неколку години имаше промашена политика околу доведување на засилувања. Сите се сеќаваат на „киксот“ со Фелипе Кутињо, но дефинитивно пред него е Антоан Гризман кој што е прогласен за најголемо промашување во историјата на шпанскиот гигант.

Познатиот новинар Фабрицио Романо напиша дека конечно Барселона успеала да се „откачи“ од Гризман, но со огромни финансиски загуби. Тој на „Ноу Камп“ стигна од Атлетико во 2019 година за сума од 120 милиони евра, што беше најскапиот трансфер. Кога ќе се земе во предвид и неговата плата од 35 милиони евра годишно, се добива цифра која Барселона ја платила за него од цели 200 милиони евра.

Сега тој ќе се врати назад во Атлетико за 20 милиони евра, што е навистина смешно за она што го плати Барселона пред три години.

Се вчитува...