Гатузо е тотален „лудак“, урлаше на свој играч а настрада и фрижидерот (ВИДЕО)

Џенаро Гатузо во својата играчка кариера беше познат како температементен играч, но сега е таков и како тренер. Играше во средниот ред, а често знаеше да ги „тероризира“ своите противници, и да добива црвнеи картони.

Вчера својот темперамент го покажа и на клупата на Валенсија на тешкото гостување кај Осасуна, а неговиот тим на крајот славеше со 2:1. Меѓутоа Гатузо не беше премногу задоволен, особено поради реакцијата на Диакаби, кој поради протест на една судска одлука, доби втор жолт картон.

Да биде работата полоша, Диакаби веќе излезе од тревникот и седна на клупата, што многу го налути Гатузо поради што настрада и фрижидерот. Стоперот на Валенсија во иднина добро ќе размисли дали ќе се буни кај судиите.

„Да се добие црвен картон на клупата е нешто кое мораме да го избегнуваме во иднина“, рече Гатузо по мечот.

Се вчитува...