Тиквеш со два брзи гола, во рок од две минути дојде до водство од 2-0 против Македонија ЃП. Немаше голови до 44. минута, иако Македонија ЃП беше нешто подобар противник и имаше неколку шанси.
Сепак, во 44. минута после еден продор на Карчески од левата страна (гостите бараа прекршок), обид на фудбалерите на Тиквеш и кратко одбиена топка од Стевковски до Ивановски кој стрела во голот.
Само две минути подоцна, една исфрлена топка од страна на домашните играчи, а брзоногиот Нгоба стигна пред одбранбените фудбалери на ѓорчепетровци, и стигна да погоди во мрежата на Стевковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

