Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар оствари уште еден триумф во Втората македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ денеска славеа на гостувањето кај Каменица САСА со 0-3. Мицевски од пенал во 26. минута донесе водство за „вардарци“ од 0-1. На 0-2 зголеми Јаневски во 69. минута, додека конечните 0-3 ги постави Жоглев во 92. минута.
Во дербито на колото Детонит Плачковица славеше на домашен терен против Пелистер со 1-0, додека Гостивар и Беласица одиграа без голови 0-0. Воска стигна до нова убедлива победа откако на домашен терен ја совлада Слога Виница со убедливи 3-0. Стрелци на головите за охриѓани беа Емини, Фета и Мурати.
Најубедлив триумф ова коло оствари Беса која славеше над Тетекс со 6-1, Караорман беше подобар од Арсими со 2-0, додека Охрид славеше со 1-2 на гостувањето кај „фенерџијата“ Борец.
ВТОРА ЛИГА 7. КОЛО:
КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР 0-3
ВОСКА СПОРТ – СЛОГА ВИНИЦА 3-0
ДЕТОНИТ – ПЕЛИСТЕР 1-0
ГОСТИВАР – БЕЛАСИЦА 0-0
БОРЕЦ – ОХРИД 1-2
КАРАОРМАН – АРСИМИ 2-0
БЕСА – ТЕТЕКС 6-1
УТРЕ
ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) – КОЖУФ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА