Димитриевски првпат сезонава на клупа, Рајо поразен од Алмерија

Изненадувачко оставање на клупата на Столе Димитриевски за тимот на Рајо Валјекано во денешниот дуел со Алмерија. Домашниот тим се стекна со водство од 3-0, за само 39 минути игра. Робертоне, Бабиќ и Туре донесоа убедливо водство за Алмерија.

Во вториот дел Катена успеа да намали на 3-1, а потоа домашните да останат и со играч помалку, но тоа не беше доволно за Рајо да го избегне поразот иако до крајот на мечот ја погоди пречката имаше и една супер шанса.

Ова е прв натпревар сезонава во Ла Лига Димитриевски да се најде на клупата. За неговиот тим бранеше искусниот Диего Лопез. Рајо го претрпе четвртиот пораз во Ла Лига.

Се вчитува...