Алонсо стартуваше со убедлива победа со Баер Л., катастрофа на Ајнтрахт кај „фенерџијата“

Новиот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо имаше триумфален старт на клупата на „фармацевтите“. Неговиот тим со убедливи 4-0 го совлада составот на Шалке на домашен терен.

Диаби и Фримпонг во 38, односно 41. минута донесоа 2-0. Во 53. минута Фримпонг донесе и 3-0, за конечните 4-0 да ги постави Паулињо.

Ајнтрахт Франкфурт беше катастрофално поразен од Бохум со 3-0. Сите голови беа постигнати во вториот дел. Најпрво Хофман во 71. минута донесе водство, а Ндика со автогол донесе 2-0. Форстер се погрижи за 3-0.

Лајпциг освои само бод во дуелот со Мајнц на гости. Ингвартсен во 45. минута донесе предност за домашните, а Нкунку во вториот дел израмни. Со ист резултат заврши и дуелот Аугзбург – Волфсбург. Герхард ги донесе „волците“ во водство, а Гими во вториот дел успеа да израмни.

Во 18:30 часот се игра големото дерби меѓу Борусија Д. и Баерн Минхен.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...