Атлетико на „мускули“ ја совлада Жирона (ВИДЕО)

Благодарение на двата гола на Кореа, Атлетико Мадрид успеа да ја совлада Жирона со 2-1. Кореа првиот гол го постигна во 5. минута, а потоа во 48. минута зголеми на 2-0.

Жирона не се предаде, и во 66. минута Рикелме, кој е на позајмица од Атлетико, успеа да намали.

Сепак, тоа не беше се, затоа што гостите во финишот имаа барем три прилики за израмнување. Еднаш Облак одбрани, еднаш беше погодена стативата, и еднаш интервенција во последен момент на одбраната на тимот.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...