Откако во последно време претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се повеќе зборува за „оживување“ на Суперлигата, со тоа не се сложува претседателот на неговиот ривал Барселона, Жоан Лапорта.
Лапорта ја смени „плочата“ и сега смета дека Суперлигата повеќе не е интересен проект, туку дека треба и големите да играат против малите, за „малите“ да добијат шанса да победуваат. Тој како примери ги посочи Грција во 2004 и Лестер кој ја освои Премиерлигата.
„Во Суперлигата влегов како претставник на Барселона, но и со критериум на создавање на отворена Суперлига. Да се направи натпреварување отворено за сите. Тоа за мене е многу важно. Верувам во националните првенства, и за мене би било грешка доколку Суперлигата ги замени домашните првенства. Мислам дека вакви натпревари во кои често би играле едни против други би биле заморни. Тие кои го сакаат фудбалот, би биле изморени. Убаво е кога малата екипа ќе ја победи големата. Беше одлично кога Грција стана еворпски првак, или Лестер кога ја освои Премиерлигата“, рече Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

