Кејн го израдува Тотенхем против Брајтон (ВИДЕО)

Тотенхем ја забележа и шестата победа во деветиот меч во Премиерлигата, откако денеска избраниците на Антонио Конте триумфираа на гости кај Брајтон. Минималната победа од 0-1 ја донесе Хари Кејн со гол во 22. минута.

Интересно е тоа што Брајтон имаше повеќе доминација во статистичките параметри, но на крајот победата оди во Лондон. Ова беше вториот меч на Де Зерби на клупата на Брајтон, и нема победа. Минатата недела овој тим ремизираше со Ливерпул 3-3.

Голот и победата Кејн ја посвети на починатиот кондициски тренер Џан Пјеро Вентроне.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...