„November run Gevgelija” – зголемен награден фонд, детска трка, поинтересна патека…

И оваа година во организација на АК 7ми Ноември Гевгелија ќе се одржи второто издание на трката на 10 и 5 километри November run Gevgelija. Главниот настан ќе се одржи на 6-ти ноември, додека како новитет е детската трка за деца родени 2009-та и помлади која ќе се одржи ден порано на 5-ти ноември.

Во моментот пријавени се над 530 натпреварувачи, од кои триесетина тркачи ќе пристигнат од соседните држави. На стартната линија се очекуваат повторно да се најдат најдобрите македонски атлетичари, а оваа година збогатен е и проширен наградниот фонд и тоа предвидени се парични награди за најбрзите 5 на 10 километри, како и парична награда за национален рекорд, како и награди за најбрзите тројца на трката од 5 километри.

Промена има и во патеката, каде според организаторите, новата патека треба да биде побрза и поинтересна бидејќи опфаќа поголем дел од градот.

Пријавите се отворени до 26ти октомври, додека доколку се пријавите до денес (09.10) ќе добиете маичка во стартниот пакет.

Пријавата за трката можете да ја извршите на следниот линк: https://runnerspot.com/event/Gevgelija

Се вчитува...