Екипата на Македонија ЃП побара од ФФМ да воведе ВАР технологија од првата лига. Ваквото барање од страна на „лавовите“ доаѓа по вчерашниот пораз од Тиквеш од 4-0, во кој ѓорчепетровци сметаа дека два гола се нерегуларни.
Станува збор за првиот погодок, каде што е сомнително дали има прекршок над Пецов, како и третиот погодок кој е од пенал, односно сомнителен е досудениот пенал наводно по играњето со рака на Пецов.
„ФК Македонија ЃП јавно бара од ФФМ воведување на ВАР!!
ВАР е веќе нормална пракса за сите држави од регионот – Грција, Бугарија, Албанија, Босна, Косово (косовска прва и втора лига).Јавната судиска анализа на одиграните (отсудените) натпревари во Македонија не му носи ништо добро на македонскиот фудбал, а тимовите остануваат оштетени.Нашето барање е јавно и пред сите љубители на фудбалот. Многу натпревари во лигата завршуваат со жалби за кои нема разрешница, па фер судењето се доведува во прашање!Грешките се човечки и се случуваат, но само кога се исклучок, а не правило на секое коло. Живееме во тешко време на голема финансиска криза, па ваквите порази тешко се поднесуваат.Честитки за ГФК Тиквеш на победата, срдечниот пречек на Лозарите и претседателот на клубот, Миле Масларков“, се вели во соопштението на Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

