Екипата на Сампдорија стигна до еден бод на гостувањето кај Болоња на дебито на Дејан Станковиќ на клупата на гостите. Болоња имаше водство во 32. минтуа преку Домингез, но во вториот дел со голот на Ѓуричиќ, Сампдорија стигна до еден бод, важен за опстанокот во Серија „А“.
Инаку Станковиќ дебитираше во дуел против Тиаго Мота, со кого играше заедно во Интер, и ја освоија тројната круна во 2010 година. Пред мечот двајцата имаа емотивна прегратка.
Сампдорија и натаму остана без победа, а го освои третиот бод во првенството. Тимот е на последното место, заедно со Кремонезе кој има натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА