ПСЖ остана без исклучениот Рамос, па одигра без голови со Ремс

ПСЖ не ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Ремс, и одигра само без голови. Една од причините  за ваквиот резултат лежи и во исклучувањето на Серхио Рамос во 41. минута, кога доби два жолти картони во период од 30 секунди.

После тоа исклучување, ПСЖ тешко играше со десетмина на теренот, па дури Ремс во финишот можеше да стигне до големо изненадување и до победа на овој дуел.

Со ова реми, ПСЖ пропушти можност да се одлепи на првото место на табелата, со оглед дека денеска Олимпик Марсеј загуби на домашен терен од Ајачио.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...