Дуелот помеѓу Мичиген и Индијана во колеџ лигата на американскиот фудбал, беше прекинат во еден момент откако помошникот тренер на Мичиген Мајк Харт колабираше, по што мораше да реагираат и лекарските служби. На Харт му се слошило и веднаш се сруши на теренот, по што веднаш реагирал лекарскиот тим и веднаш бил пренесен во болница. Било констатирано дека Харт доживеал мозочен удар.
Од клубот соопштија дека состојбата на 36-годишниот тренер е стабилна, но дека ќе остане во болница на дополнителни прегледи.
„Нашиот тренер Харт ќе остане во болница каде ќе му бидат направени дополнителни прегледи. Тој е силно момче и има поддршка од сите. Ќе ја добие најдобрата можна нега. Во овој момент неговото здравје е најважно“, истакна главниот тренер на Мичиген, Џим Харбо.
Michigan’s RB coach Mike Hart collapsed on the sideline against Indiana.
Hope he’s ok. 🙏 pic.twitter.com/mxB9ntdZZp
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 8, 2022
Харт три сезони играше за Индијана Колтс, а во 2011 година се реши да ја заврши кариерата и да стане тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

