Боби Милевски: Голем предизвик за сите нас, мора да веруваме во себе!

Македонија ја доби најтешката можна група, заедно со селекциите на Англија, Италија, Украина и Малта во квалификациите за ЕП 2024.

Веднаш по ждрепката, македонскиот селектор Благоја Милевски со став дека не очекува вистински фудбалски предизвик сите нас. Но, Милевски потенцира дека е неопходно сите во и околу селекцијата мора да веруваат во себе во желбата да се остане до крај конкурентен со противниците во групата.

“Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе” – истакна Милевски по денешната ждрепка во Франкфурт.

Се вчитува...