Локомотива убедливо со Кожуф во последниот меч од Втората лига

Екипата на Локомотива Пехчево славеше убедливо со 3-0 против Кожуф во последниот натпревар од 7. коло во Втората македонска фудбалска лига.

На натпреварот кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Локомотива, која во есенскиот дел од шампионатот настапува по фузијата со Кит Го – Пехчево, славеше со головите на Александар Трајчевски во 23. минута, Емил Скоко во 52. минута и Рејан Абази во 61. минута од средбата.

Се вчитува...