Саутгејт: Добивме тешка група, но навикнавме на вакви предизвици

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ја прокоментира групата за квалификациите за ЕП 2024 година. Англија е заедно со Македонија, Италија, Украина и Малта.

Според Саутгејт, Англија добила тешка група, но истакна дека неговата селекција веќе навикнала да има тешки противници.

„Секако дека е тешка ждрепка со оглед на квалитетот на противниците. Во баражот за Светското првенство се соочивме со селекции како Полска и Унгарија, па навикнати сме на тешки предизвици. Италија? Добро ги знаеме нивните квалитети и знаеме каков беше резултатот на Англија против Италија во финалето на ЕП. Ќе мораме да го подобриме“, рече Саутгејт.

Се вчитува...