Аеродром се подготува за утрешниот спектакл во СЦ „Јане Сандански“ каде гостува белградски Партизан. Сега евролигашот по неколку години се враќа во нашиот главен град, а „црно-белите“ со максимален респект кон МЗТ Скопје му приоѓаат на натпреварот кој е на програмата со почеток од 16 часот.
Според тренерот на „црно-белите“, легендарниот Жељко Обрадовиќ, мечот ќе биде тежок, и уверен е дека МЗТ ќе има голема желба да се покаже пред своите навивачи.
„Продолжуваме со патувањата. Имаме голем респект кон екипата на МЗТ, и знаеме дека не чека тежок меч. Нашиот противник ќе има желба на првиот меч пред домашна публика да се покаже и да одигра добро. Ќе треба да бидеме максимално концентрирани и да играме на потребното ниво за да го добиеме натпреварот“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА