Кошмар за Клоп: Луис Дијаз го повреди коленото

Ливерпул како да немаше доволно проблеми со катастрофалната форма и новиот пораз во Премиер-лигата, па Јирген Клоп згора на тоа остана без двајца стандардни првотимци, Луис Дијаз и Трент Александер Арнолд заработија повреди и мораа да бидат заменети на дуелот на „Емирати“.

Многу посериозно делува состојбата на Дијаз, кој по еден дуел со Парти падна на земја, по укажаната лекарска помош се обиде да продолжи, но набрзо потоа мораше да биде повлечен од игра.

„Ситуацијата со Луис е загрижувачка. Она што ми го кажаа е дека има проблем со коленото“, изјави Клоп, а англиските медиуми објавија дека Колумбиецот со заштитна протеза на ногата го напуштил стадионот.

Што се однесува до Александер Арнолд, десниот бек настрада по еден дуел и удар на Мартинели, директно во скочниот зглоб.

„Трент има проблем со зглобот, чувствуваше болка и не можеше да продолжи. Како да немавме доволно проблеми и без овие повреди“, разочарано прокоментира Јирген Клоп.

За проблемите да бидат уште поголеми, Ливерпул во следното премиерлигашко коло ќе се сретне со шампионот Манчестер Сити.

Се вчитува...