АБА лигата денеска од 16 часот се враќа во СЦ „Јане Сандански“ каде на МЗТ Скопје му гостува Партизан. Евролигашот во нашиот главен град доаѓа како апсолутен фаворит, но аеродромци ите како знаат како се победува белградскиот гигант во Скопје.
Македонскиот шампион има учинок од три победи и три порази во натпреварите одиграни на домашен терен. Се започна од победата на деби сезоната на „Јадранот“ кога во преполниот СЦ „Борис Трајковски“ МЗТ Скопје славеше со 65-63, продолжи во сезоната 2015/16, а заврши во последната сезона во најквалитетното регионално првенство.
View this post on Instagram
МЗТ Скопје денеска го очекува тешка задача против вицешампионот на АБА и тимот кој се натпреварува во најсилното европско кошаркарско натпреварување, но аеродромци не влегуваат на овој натпревар со бело знаме. За тоа говореше и Војдан Стојановски кој вели желба на секој кошаркар на МЗТ Скопје е предводен од верните навивачи да му ги закомпликува сметките на Партизан.
„Ова не е обичен натпревар, туку пресметка против евролигаш со ептен квалитетен ростер и тренер веќе влезен во историјата. Вакви мечеви се играат ретко, а се паметат долго. Сакам на трибините да видам многу навивачи во „сино-бело“, чија песна ќе ни помага кога ќе биде најтешко. Заедно со големата поддршка од нашите најверни да му ги закомплицираме сметките на фаворизираниот Партизан, тоа е желбата на сите кошаркари на МЗТ“, изјави Стојановски.
Пред гостувањето во Македонија на внимателност повика и легендарниот тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ, а дали аеродромци ќе успеат на крилја на своите најверни да дојдат до сензационална победа останува да видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА