Рома со играч повеќе до победа над Лече

Екипата на Рома стигна до победата над Лече во 9. коло во Серија „А“. „Волчицата“ успеа да триумфира благодарение на црвениот картон на гостите, и покрај тоа што и со играч помалку Лече успеа да постигне гол и да израмни.

Смолинг во 6. минута успеа да го најде патот до мрежата. Хјулманд беше исклучен во 22. минута откако доби директен црвен картон, а потоа Стрефеца во 39. минута донесе израмнување.

На стартот од вториот дел во 48. минута Дибала од пенал успеа да го совлада Фалконе, и притоа да се повреди Аргентинецот, па мораше да го напушти теренот. Во продолжението Рома пропушти можност порано да го реши победникот.

Се вчитува...