Со голот на Педри во 17. минута, Барселона успеа да ја совлада Селта со 1-0. Меѓутоа „Каталонците“ имаа многу среќа затоа што Селта во вториот дел се закануваше да си замине непоразена од „Ноу Камп“.
Педри во 17. минута успеа да го најде патот до голот на Марчезин по една одлична акција и лоша интервенција на одбраната на Селта, па на играчот на Барса не му беше тешко да погоди во празниот гол.
Во финишот од средбата гостите неколку пати се заканија, а најголемата прилика ја имаше Аспас кој ја погоди само стативата од голот на Тер Штеген. Така Барса успеа да дојде до трите бода и да се искачи одново на чело на табелата со ист број бодови со Реал пред престојното „Ел Класико“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

