Обамејанг почна преговори со ПСЖ!?

Иако Пјер Емерик Обамејанг ова лето направи трансфер од Каталонија во Лондон, Челси, офанзивецот наскоро може да направи нов голем трансфер.

Медиумите од Франција пренесуваат дека раководството на ПСЖ стапило во контакт со агентите на Обамејанг и сакаат да го доведат во Париз.

Тренерот Галтие потврди дека е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Обамејанг идеално ќе се вклопи во неговиот систем на игра.

Обамејанг пристигна во Челси поради Тухел, кој набрзо доби отказ, па и самиот е спремен да ја промени средината повторно.

Се вчитува...