Диего Коста пречекан со стоечки овации на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Челси полека но сигурно го пронаоѓа победничкиот ритам во Премиер-лигата, а за ваквиот пристап на теренот сведочеше и триумфот изминатиот викенд од 3-0.

По триумфот над Милан во Лигата на шампионите, идентичен резултат беше постигнат и во Лондон на мечот против Вулверхемптон, натпревар на кој „волците“ не претставуваа никаква опасност за домаќинот во ниту еден момент.

Челси победи со головите на Хаверц, Пулишиќ и Броја, а атмосферата беше до толку опуштена, што имаше време и за специјален момент кога теренот го напушти поранешниот играч на „сините“.

Диего Коста доби стоечки овации од „Стемфорд Бриџ“ и благодарност за сезоната кога беше клучен за освоената шампионска титула, а по крајот на мечот, Бразилецот не пропушти да го „поздрави“ Антонио Конте кој буквално го избрка од клубот.

„Добро е чувството кога ќе видите дека сте завршиле добра работа и дека тука луѓето имаат добра меморија. Добивањето на оваа љубов од фановите на Челси нависитна многу ми значи. Секогаш ја чувствував нивната љубов, никогаш немав ништо против фановите откако си заминав“, изјави Коста.

 

Се вчитува...